Одржувањето на овој сајт е кофинансирано од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.
Поврзете се со голем број потенцијални потрошувачи како и финансиски партнери во вашата земја и странство. Green Technology Selector е глобална платформа, со стилски изглед на платформа за извршување на набавки преку Интернет која им помага на производителите и продавачите на зелени технологии да се поврзуваат со деловни субјекти и сопственици на домови кои сакаат да ги набават.
Зголемете ја вашата свесност за бренд со квалификувани производи, најдобри во својата класа. Производите кои вие ги регистрирате во Green Technology Selector ќе бидат промовирани во светот како најдобри зелени технологии во својата класа и клиентите ќе бидат поттикнати да ги изберат нив од останатите. Регистрирањето е бесплатно, откако ќе ги регистрирате вашите производи, ќе бидат секогаш видливи онлајн за сите потенцијални купувачи.
Проширете ги вашите продажни канали. Производите специфични за одредена земја наведени во Green Technology Selector се сметаат за претходно одобрени и веднаш технички квалификувани за зелено финансирање преку локалните финансиски институции. Овој рационализиран процес помага во намалување на времето на обработка на трансакциите, особено за мали инвестиции што обично ги спроведуваат домаќинствата и МСП (Мали и големи претпријатија).
Green Technology Selector ги прави технологиите што ги продавате повидливи за потенцијалните локални клиенти и е нов маркетинг канал за вашите производи. Финансирањето на технологиите вклучени воGreen Technology Selector се врши брзо, што резултира во побрз обрт за вашата компанија.
Регистрирајте се сега и искористете го интегрираниот, но едноставен систем.
Најчесто поставувани прашања
Одржувањето на овој сајт е кофинансирано од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.